Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Тестери за Проверка на Вода

За да се има подобар увид во квалитетот на водата и состојбата на системите за третман на вода, потребно е редовно да се прати квалитетот на водата преку проверка на соодветни параметри од водата.

Доколку користите Р.О. систем ваш индикатор за добро функционирање на системот е преку проверка на TDS (Вкупно Растворени Материи) или EC (електрокондуктивност).

Доколку користете бунарска вода, а на мијалниците се гледаат црвени, кафејави дамки тоа е индикатор на зголемено присуство на железо и манган во водата. Или доколку веќе имате деферизатор / деманганизатор, потребни се тестерите за проверка на железо и манган.

Доколку имате бигор во водата, станува збор за зголемена тврдина, проверка на тврдината е истотака возможна со наши тестери.

Ако користите вода која се хлорира, (сопствени бунари, градски водоводи, базени) и сакате да ја пратите концентрацијата на хлор во водата, тестерите за хлор во разни варијанти се тука.

Проверка и на други параметри како: Нитрати, Нитрити, Хлориди, pH, алкалност М и П , Цианурична киселина, Активен Кислород, Бромин, Хлор Диоксид, Озон, Водороден Пероксид,  Вкупна Тврдина, Калциумова Тврдина, Алуминиум, Амонијак, Бакар, DEHA, Флуориди, Молибдати Сулфиди, Фосфати, Силика, Нтриум Хипохлорид, Цинк, Матност, Turbidity , Бактериски тестови ((TTC Total Vialble Count), Квасеци, мувла, габи и вкупен број, колиформни и вкупен број на бактерии, Е. Coli, Pseudomonas Aeruginosa и вкупен број на бактерии, Сулфатно Редуцирачки Бактерии, Нитритно Редуцирачки Бактерии, Инкубатори за зреење),

 

Електронски Мерачи - тестери на вода

TDS тестери, pH тестери, ORP тестери, dH Тестери ... Мерачи и китови за проверка на разни параметри од водата. Мерење на Вкупно растворени загадувачи (TDS), Мерачи за проверка на базно-киселинското ниво на водата (pH тестер), Мерач за проверка на Оксидациско-Редукцискиот Потенцијал на водата (ORP),...

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси