Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Домашна употреба

Проблеми со тврда вода и каменец

Водата ја опишуваме како тврда ако содржи многу растворени соли, посебно калциум и магнезиум. Тврдата вода негативно влијае на нашето здравје, а штетна е и предизвикува наслаги од бигор во цевките и системите за греење. И во однос на меката вода, го смалува ефектот на сапунот и детергентите за перење. Водата е добар растворувач и лесно ги раствара нечистотиите. Моќта на растварање се зголемува кога се поврзува со јаглеродниот диоксид од воздухот и на тој начин се формира слаба јаглеродна киселина. Со самото движење  на водата преку земјата водата растворува мала количина на минерали. Калциумот и магнезиумот растворени во вода, се тие минерали кои ја прават водата тврда. Степенот на тврдина расте со количината на растворени минерали калциум и магнезиум во водата.

Што може да се направи 

Добро познато и најквалитетно решение за спречување на проблемите со тврдата вода односно бигорот е со помош на Омекнувач. Во последниве неколку години станаа популарни и други методи, најинтересни се електромагнетните уреди или така наречени магнети. Таквите уреди се покажаа добри но само кога се поставени во близина на потрошувач ( пр. славина ) затоа што бигорот во водата повторно се реконструира после само неколку метри поминувајќи низ цевката и на тој начин повторно го имате истиот проблем. За да го заштитите целото домаќинство потребни ви се неколку такви уреди кои ќе ве чини неколку пати повеќе од инсталирање на Јонски омекнувач. Јонскиот омекнувач работи на принцип на јонска размена, каде што минералите на калциум и магнезиум се заменуваат со минерали на натриум. Омекнувачите на самиот старт се малку поскапи но имаат способност да одстранат и мала количина на други катјони како што се бакар, цинк и со само еден уред сте го решиле проблемот со бигорот во целиото ваше домаќинство. ( славини, када, кујна, греачи за вода, машина за перење на облека, машина за перење на садови, апарат за кафе, хидро масажни кади итн ).

Основни причини зошто треба да ја третирате вашата вода:

1. Заштеда на трошоци ( енергија, одржување )

2. Заштеда на детергенти 

3. Заштеда на време ( кое морате да го потрошите на чистење )

4. Заштита на здравјето на вашето семејство ( спречување појава на бактерии и вируси )

 

 

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси