Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Реверзно Осмозни Системи за Индустрија

  • Шифра:
  • Бренд:
Мембранските сепарациски процеси, особено реверзната осмоза како универзална техника за сепарација, функционирање и концентрирање на органски и неоргански супстанции,  добиваат се поголемо значење и наоѓаат широка примена во хемиското инженерство и  поедини хемиски технологии. За наглата експанзија на процесот на реверзна осмоза особено допринесоа следните моменти:

Просецот се одвива изотермно.
Температурата може да биде собна до ниска.
При одвивање на процесот нема никакви фазни промени.
Процесот е континуиран и сам не троши никакви помошни суровини.
Се постигнува извонредна селективност на водата, во однос на било кои растворени супстанции (со мали исклучоци).
Енергетскиот биланс е релативно поволен.
Процесот не ја загадува водата ниту воздухот.
Трошоците за опрема се релативно високи, но трошоците за одржување се ниски.
Во последните години цената на опремата и мембраните многу брзо се намалува, а квалитетот и векот на траење на опремата, особено на мембраните расте.
Изградбата е модуларна, па затоа економичноста на процесот е иста во широки граници, проширувањето на постројките е едноставно.

Системот за реверзна осмоза претставува идеална опција за припрема на водата за:

Напојна вода за парни котли
Питка вода
Прехрамбена индустрија
Фармацевтска индустрија
Хемодијализа
Добивање на деминерализирана вода

Реверзната осмоза ја обезбедува водата:

Хемиски квалитетна согласно бараните карактеристики на речиси секој процес
Микробиолошки и здравствено исправна и сигурна за секаков тип на употреба

Секој систем за реверзна осмоза се состои од следните витални делови:

1. Механички предфилтер
2. Повеќестепена пумпа со висок притисок
3. Мембрана која е срце на системот
4. Мембранско куќиште
5. ЦИП систем за миење.

Важна напомена пред инсталација на систем за реверзна осмоза е соодветен предтретман за неа. За да бидеме во состојба соодветно да го одбереме пред-третманот, потребни ни се следниве информации:

1. Извор на водата (јавен водовод, бунарска, дождовница, површинска вода...)

2. Анализа на водата (основни параметри, физичко хемиска анализа, микробиолошка анализа)

3. Критични параметри кои задолжително треба да се проверат:

 - резидуален хлор, тврдина, матност, железо, манган, органски материи, електроспроводливост

 

Следна Важна информација е одбирање на баран проток за реверзно осмозниот систем. Листа со најчесто дизајнирани Р.О. системи е дадена подоле. Табелата е од информативен карактер, пред да го одберете бараниот производ, консултирајте се со нашите стручни лица.

 

Ефикасноста на функцијата на Реверзно Осмозните системи се прати, преку пратење на параметарот електроспроводливост (Е.С.) на водата. Овој параметар се зема како универзален параметар и при димензионирање на системите со Реверзна Осмоза, па потребна е информација за влезната Е.С. према анализата и бараната горна граница на Е.С. према намената на реверзно осмозната вода.

 

Затоа е важно клиентот пред нарачка на системот за Реверзна Осмоза, да се информира за бараната горна граница на параметарот електроспроводливост на третираната вода. И за оваа намена треба разумно да се одбере границата, бидејки барање за многу ниски вредности на електроспроводливост, може да повлечат многу големи инвестиции, а од друга страна ако не се води сметка на горната граница, може да доведе до нефункционалност на одредени апарати кои бараат строги граници на ниска спроводливост. Доколку не сте сигурни во изборот, можете да се обратите кај нашите стручни лица за консултација, искуството од над 18 години во дејноста, ни дава самодоверба и можност да Ви помогнеме во одбирањето на соодветен, оптимален третман за Вашите Потреби.

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси