BP_SOFT VAK_10 MINI е автоматски омекнувач на вода во компактна изведба, производ на Бентен-Пан. Го отстранува бигорот (калциум и магнезиум) и ги штити бојлерите, машините за перење, славините и целата инсталација. Наменет е за домаќинства, мали објекти и како предтретман пред други системи за третман на вода.
Водата минува низ притисочна боца исполнета со јонска маса, каде калциумот и магнезиумот, кои создаваат бигор, се заменуваат со натриум. Кога масата ќе се засити, контролерот автоматски ја покренува регенерацијата: солен раствор од вградениот сад ја враќа масата во работна состојба. Капацитетот е 40 m³ × °dH. На пример, при тврдина од 20 °dH омекнувачот дава околу 2.000 литри омекната вода меѓу две регенерации.
Стандардниот вентил RX-65C/DVS нема вграден бајпас: додека трае регенерацијата, омекнувачот не пропушта вода кон потрошувачите. Затоа регенерацијата најчесто се програмира ноќе. Ако ви треба вода без прекин, омекнувачот може да се склопи со контролен вентил RX-79B со вграден бајпас, со доплата од 6.200 денари (100 €) без ДДВ.
Цената е без ДДВ и важи за изведбата со вентил RX-65C/DVS.
Бесплатна проверка на тврдината на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и монтажа и програмирање, редовен сервис и таблетирана сол за омекнувачи. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
Таблетираната сол, директно влијае на работата на јонскиот омекнувач. изборот на квалитетна таблетирана сол треба да е од големо значење за корисниците на јонски омекнувачи. Неквалитетната сол може да ја намали ефикасноста на јонскиот омекнувач и да доведе до скратување на неговиот век на траење. ...
10" BigBlue Куќиште за филтер со приклучок на 1" или 3/4“ цевка ПРИМЕНА: како филтер со голем проток, самостоен или во комбинација со други, филтер за куќи, и местa каде има потреба од поголема количина на вода
10" Прозирно Куќиште, држач за на ѕид и клуч за отварање, со приклучок на 1", навој метален.ПРИМЕНА: како пред филтер за отстранување на механички нечистотии до 5 микрони Во комбинација со Полифосфатни кристали, дава добри резултати во справување против бигорот во водата, за заштита на електричните...
10" Прозирно Куќиште, држач за на ѕид и клуч за отварање, со приклучок на 3/4", навој метален.ПРИМЕНА: како пред филтер за отстранување на механички нечистотии до 5 микрони Во комбинација со Полифосфатни кристали, дава добри резултати во справување против бигорот во водата, за заштита на електрични...
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...