Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Базени

Третманот на водата во базените бара посебно внимание. За безбедна и чиста вода се одржуваат две главни вредности: слободниот хлор и pH. При висок pH хлорот помалку делува, а при низок се јавува иритација на очите и кожата и корозија на опремата. Најчесто препорачаниот опсег е 7,2 до 7,6.

Во соработка со CWG Group нудиме решенија за домашен, хотелски и јавен базен:

  • Филтрација: песочни филтри за механичко чистење на водата.
  • Дозирање: дозирни пумпи за хлор и за корекција на pH, од рачни до автоматски системи.
  • Автоматска контрола: мерење на pH и редокс потенцијал или слободен хлор, со автоматско дозирање.
  • Омекнување на водата за надополнување, за заштита на греачите и опремата.

Изборот зависи од големината на базенот, бројот на корисници и начинот на користење. Контактирајте нè со димензиите и намената на базенот.

Новости

✅ Успешно реализирани проекти за третман на отпадни води со Nijhuis Industries CE – регионот го следи примерот на иновации

Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...


Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


  • Соработка со Synlab - Sinevo - Македонија - медицинската прецизност бара висок квалитет на водата
  • 🚗 Авто перална Godi - Вода без Дамки
  • 🧊 Lactalis MK – Прочистителна станица за вода за пиење
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • 🧪 Медицински лаборатории – Авицена Лаб - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Решение за механичка филтрација на вода во Van Hool