Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни проекти за третман на отпадни води во Македонија, Србија и Црна Гора, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, автоматизација и технолошка сигурност.
🔷 BiMilk, Битола – Македонија
Поставена нова прочистителна станица за отпадни води од млекарски процеси, целосно адаптирана на барањата на корисникот и еколошките стандарди.
🔷 Perutnina Ptuj, Бачка Топола – Србија
Инсталирана комплетна станица за третман на води од кланица за пилиња – решение за континуиран проток од 900 м3/ден прочистена отпадна вода со максимална флексибилност и енергетска ефикасност.
🔷 Goranović, Црна Гора
Нова станица за отпадна вода од производствен погон за преработка на месни производи,
+ Надградба на постоечка станица за отпадни води од кланицата со ново SCADA управување
🔷 Marbo – PepsiCo, Србија
Надградба на постоечка станица со нова DAF единица, дизајнирана за да го зголеми капацитетот и ефикасноста за околу 30% од постоечкиот, нзведба во услови на екстремно тесен простор и многу краток рок за реализација 4 дена, скоро без застој на производството.
🔷 Falke, Лесковац – Србија
Еден од најсложените и највпечатливи проекти – надградба на 12 години старата станица за отпадни води, со трансформација од SBR во континуиран процес на работа, трифазна реконструкција и проширување на капацитетот за 2,5 пати поголем проток, изведено во фази без прекин на производството.
Со овие проекти, Бентен-Пан уште еднаш го потврдува својот статус како водечки регионален партнер за напредни решенија за води, обезбедувајќи спремност, сигурност, ефикасност и грижа за клиентите и животната средина.
➡️ Контактирајте нè за консултации и решенија по мерка
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...