Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Што претставува pH ?

pH претставува „потенцијален водород“, се прикажува во таблица со нивоа од 0-14 (Логоритамска pH скала) која овозможува индикација на присуството и содржината на водород. Оптимално pH во нашето тело е важен фактор за добро здравје. Ако било што го промени своето pH од pH 7 на pH 8, станува десетпати поалкално. Спротивно, ако од неутралните pH 7 се промени на pH 6, станува десетпати покисело.

На пример, популарната Coca Cola со pH 2.5 е скоро 50.000 пати покисела отколку неутралната вода, и потребни се дури 32 чаши неутрална (pH 7) вода за да се поништи (неутрализира) дејството на една чаша Coca Cola во нашиот организам. Можете да забележите дека промената од нормалното ниво на крвта во нашиот организам од pH 7.365 до pH 7 значи дека истата таа крв ненадејно ќе биде четирипати покисела отколку што би требало да биде. Во такви случаи буквално можете да умрете од труење со крв.

Од ова можете да заклучите дека pH на нашата крв во секое време од денот може да биде под влијание на многу нешта: храна, пијалоци, стрес, нечистотии, или пак, што е добро, вежби, медитации, пиење алкална вода, длабоко дишење, па дури и тоа што сме среќни.
pH е мерка за киселост или алкалност. Првпат презентиран од данскиот хемичар S.P.L. Sorensen во 1909 год., pH претставува „сила на водородот“.

Чистата вода со температура од 25 степени Целзиусови има еднаква концентрација на ослободени јони на водород (H+) и хидроксидни јони (OH-) и се смета за „неутрална“.
pH ја мери концентрацијата на водород и хидроксидни јони на скалата од 0 до 14, а 7.0 се смета за неутрално.
Течностите со ниво pH под 7.0 се киселини.
Течностите со ниво pH над 7 се алкални.

Здравото човеково тело содржи и кисели и алкални течности. Ограните го одржуваат pH на артериската крв меѓу 7.35 и 7.45. Во зависност од количините храна и пијалоци и слично кои делуваат кисело, а кои се внесуваат со јадењето, пиењето и дишењето, телото ќе зема соодветни количини на алкални материи од деловите на телото како што се коските, за да го неутрализира дејството на внесените храна и пијалоци кои делуваат кисело, а сè со цел да обезбеди да pH на крвта и организмот бидат благо алкални со pH 7.35 до pH 7.45.
Со пиењето алкална вода, можете да го „победите“ внесувањето киселини и да му помогнете на телото при регулација на сопственото pH на многу поздрав начин, многу побрзо и без трошење на резервите на калциум во организмот. Едноставно кажано, алкалната вода помага во неутрализација на киселините уште пред тие да предизвикаат несакани ефекти и последици.

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси