UV стерилизаторите за вода ги уништуваат бактериите, вирусите и другите микроорганизми во водата со ултравиолетова светлина, без хемикалии. Се користат кога водата доаѓа од бунар, извор или резервоар, или како последен степен на заштита по филтер или систем за реверзна осмоза. Водата минува покрај UV лампата во куќиште од нерѓосувачки челик, а микроорганизмите ја губат способноста да се размножуваат.
Моделот се избира според максималниот проток во објектот, а не според дневната потрошувачка. За хотели, повеќе куќи на еден бунар и производни погони нудиме UV стерилизатори за индустрија со повеќе лампи.
UV светлината дејствува само ако водата е бистра. Матна вода, железо, манган и бигор ги штитат микроорганизмите и ја обложуваат кварцната цевка. Затоа пред UV стерилизаторот секогаш се поставува механички филтер, а по потреба и омекнувач или деферизатор. UV не ги отстранува хемиските нечистотии (нитрати, тешки метали, хлор) и не остава заштита во цевките по стерилизаторот.
Бесплатна проверка на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и избор на предфилтрација, монтажа, годишен сервис и резервни UV лампи и кварцни цевки. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
UV стерилизаторот EuroClear 1 gpm ја дезинфицира водата по систем за реверзна осмоза пред да стигне до славината. Компактен е, се монтира под мијалник и ги уништува бактериите и вирусите што може да се развијат во резервоарот или цревата на системот. Зошто UV стерилизатор 1 gpm дополнителна зашт...
UV стерилизаторот 12 W ја дезинфицира водата по систем за реверзна осмоза или филтер под мијалник, со проток до 230 л/час. Компактен е, се монтира под мијалник и ги уништува бактериите и вирусите што може да се развијат во резервоарот, цревата или кертриџите. Зошто UV стерилизатор 12 W дополните...
UV стерилизаторот 55 W е наменет за дезинфекција на водата во цела куќа. Со една UV-C лампа од 55 W дезинфицира до 2.700 л/час бистра, претходно филтрирана вода од бунар, извор или резервоар, без хемикалии. Зошто UV стерилизатор 55 W заштита од бактерии и вируси за целата инсталација во куќата ...
UV стерилизаторот 25 W е наменет за стан или помала куќа. Со UV-C лампа од 25 W дезинфицира до 1.100 л/час претходно филтрирана вода, без хемикалии, и ја штити целата инсталација од бактерии и вируси. Зошто UV стерилизатор 25 W заштита од микроорганизми за повеќе славини истовремено без хлор и ...
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...