Ecosoft MO6500 е систем за реверзна осмоза за објекти на кои им треба поголема количина чиста вода со ниска содржина на соли – до 6.500 литри дневно. Наменет е за угостителство, мало производство, перални и котларници, каде бигорот и растворените соли прават штета на опремата и на квалитетот на производот.
Водата прво поминува низ механички предфилтер од 5 микрони, кој ги задржува песокот и честичките. Пумпата Grundfos го крева притисокот на 8–12 бари и ја турка водата низ мембраната. Мембраната ги пропушта молекулите на водата, а солите и нечистотиите ги исфрла во одвод. Прочистената вода оди во резервоар или директно до потрошувачите. Контролерот периодично ја испира мембраната и така ѝ го продолжува векот.
Влезната вода мора да е без хлор и механички нечистотии. Кај тврда или бунарска вода потребен е омекнувач или дозирање антискалант пред системот. Затоа секоја понуда ја почнуваме со анализа на вашата вода.
Цената е ориентациона, без ДДВ и не ја вклучува мембраната. Таа ви дава претстава за големината на инвестицијата, но не е фиксна. Конечната цена зависи од проектот: квалитетот на вашата вода, потребниот предтретман, изборот на мембрана (Filmtec XLE-4040, LCLE-4040 или Ecosoft ELP-4040) и монтажата.
Бесплатна проверка на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и проектирање на предтретман, монтажа и пуштање во работа, редовен сервис, како и резервни мембрани и филтри на залиха во Скопје. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
10" BigBlue - 5 микронски седиментен променлив филтер - Прв степен на филтрите за цела куќа BugBlue, наменет за 10“ BigBlue куќиште отстранува песок, кал и други механички честици до 5 микрони
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...