UV стерилизаторите за индустрија ја дезинфицираат водата со ултравиолетова светлина при големи протоци, без хлор и без други хемикалии. Се користат во хотели и ресторани, кај повеќе куќи на еден бунар, во прехранбената индустрија, на фарми и во производни погони, како самостојна дезинфекција или како последен степен по филтрација и реверзна осмоза.
За поголеми протоци се поврзуваат повеќе стерилизатори паралелно. Моделот се избира според максималниот проток и квалитетот на водата.
UV светлината дејствува само ако водата е бистра. Матност, железо, манган и бигор ја намалуваат дозата и ја обложуваат кварцната цевка, па пред стерилизаторот секогаш се поставува механичка филтрација, а по потреба и деферизација или омекнување. Предтретманот се димензионира според анализа на водата. UV не дава заштита во цевководот по стерилизаторот; кога е потребна, се комбинира со дозирање на средство за дезинфекција.
Бесплатна проверка на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и проект за предтретман, монтажа, сервис и резервни UV лампи и кварцни цевки. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
UV стерилизаторот 165 W е наменет за објекти со голема потрошувачка на вода: хотели и ресторани, повеќе куќи на еден бунар, фарми и мали производни погони. Со три UV-C лампи од по 55 W во едно куќиште дезинфицира до 8.100 л/час бистра, претходно филтрирана вода, без хемикалии. Зошто UV стерилизатор...
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...