Ecosoft MO36000 е индустриски систем за реверзна осмоза за објекти со голема дневна потрошувачка на вода со ниска содржина на соли – до 36.000 литри дневно. Наменет е за производство на храна и пијалаци, хотели, перални, котларници и технолошки процеси, каде бигорот и растворените соли ја оштетуваат опремата или го намалуваат квалитетот на производот.
Водата прво поминува низ механички предфилтер од 5 микрони, кој ги задржува песокот и честичките. Пумпата го крева притисокот на 8–12 бари и ја турка водата низ шесте мембрани. Мембраните ги пропуштаат молекулите на водата, а солите и нечистотиите ги исфрлаат во одвод. Прочистената вода оди во резервоар или директно до потрошувачите. Контролерот автоматски ги испира мембраните и така им го продолжува векот.
Влезната вода мора да е без хлор и механички нечистотии, со вкупно растворени соли до 3.000 mg/l. Кај тврдина над 150 mg/l CaCO₃, кај железо или манган потребен е предтретман: омекнувач, филтер за железо или дозирање антискалант. Затоа секоја понуда ја почнуваме со анализа на вашата вода.
Цената е ориентациона, без ДДВ и не ги вклучува шесте мембрани. Таа ви дава претстава за големината на инвестицијата, но не е фиксна. Конечната цена зависи од проектот: квалитетот на вашата вода, потребниот предтретман, изборот на мембрани (Filmtec XLE-4040, LCLE-4040 или Ecosoft ELP-4040), дозирната пумпа и монтажата.
Бесплатна проверка на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и проектирање на предтретман, монтажа и пуштање во работа, редовен сервис, како и резервни мембрани и филтри. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...