Мембраната DOW FilmTec 50 GPD (денес под брендот DuPont FilmTec) е една од најпознатите мембрани за реверзна осмоза за домаќинства. Брзо ги достигнува полните перформанси и ги задржува растворените соли, тешките метали и микроорганизмите.
Мембраната е спирално намотан тенкослоен композит (TFC). Под притисок, водата минува низ многу ситните пори, а растворените соли и нечистотиите се задржуваат и се исфрлаат во одводот.
Векот на мембраната е 2–4 години, односно околу 37.000 л, зависно од квалитетот на водата и од навремената замена на предфилтрите. Хлорот ја оштетува мембраната, затоа јагленовиот предфилтер мора редовно да се менува.
Бесплатна проверка на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Кај нас ги наоѓате и предфилтрите и пост-филтрите за вашиот систем, како и сервис и замена на мембраната. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...