Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Референци

🏨 Хотел Александар Палас – Скопје

Решение за голем корисник: Инсталиран е индустриски омекнувач на вода со капацитет до 20 m³/час, кој обезбедува омекната вода за целиот хотел, вклучувајќи ги и централните бојлери за топла вода.

Бенефит: Спречени се наслагите од бигор, намалени се дефектите на грејачите, а хотелот доби сигурен, автоматизиран и трајно ефикасен систем за омекнување на вода.

👉 Прочитајте ја целата приказна во блогот: „Како индустриски омекнувач на вода го реши проблемот со бигорот во хотелот Александар Палас“

🧪 Лабораторија Фармахем Дијагностика

Проблем: За точни и сигурни лабораториски резултати, неопходна е постојана достапност на хемиски чиста и стабилна ДеМи вода, со минимални варијации во квалитетот.

Решение: Лабораторијата беше опремена со современ систем за подготовка на ДеМи вода, специјално прилагоден на потребите на аналитичките инструменти. Решението вклучува автоматизирана контрола на параметрите и интеграција со сигнални аларми за следење на квалитетот во реално време.

Бенефит: Стабилен и сигурен извор на вода за секојдневна работа, намалени ризици од грешки во анализите и сигурност во работењето благодарение на редовното одржување, сервис и поддршка обезбедени од тимот на Бентен-Пан.

🍽 Ресторан „Кај Џино“ – Gino, ГТЦ Скопје

Сервис и надградба: Извршена е замена и сетирање на контролен управувачки вентил и промена на јонска маса на постоечкиот омекнувач. Дополнително, во шанкот е инсталиран нов автоматски компактен омекнувач за снабдување на кафематот и машината за перење чаши и тањири.

Бенефит: Автоматизација на процесот на регенерација, заштеда на време на персоналот и продолжен век на угостителската опрема.

👉 Дознајте повеќе за оваа успешна надградба во блогот: „Како автоматскиот омекнувач на вода му заштеди време и опрема на ресторанот Gino“

Новости