Во срцето на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, ресторанот „Кај Џино“ – Gino е препознатлив по врвниот вкус и грижата за секој детал. Но зад таа перфекција стои и внимателна грижа за техничката поддршка – особено кога станува збор за квалитетот на водата, која е од клучно значење за угостителството.
Предизвик: Рачно регенерирање и ризик од оштетување на опрема
Постоечкиот систем за омекнување на водата во ресторанот функционираше, но имаше сериозни ограничувања. Контролниот управувачки вентил беше дотраен, а јонската маса веќе не го постигнуваше потребниот ефект. Дополнително, депураторот во шанкот бараше рачна регенерација, која шанкерот ја изведуваше сам, трошeјќи 1–2 часа драгоцено време – време кое можеше да се искористи за гости.
Решение: Нов автоматски компактен омекнувач
Во 2019 година, по неколкугодишна соработка и доверба, г-дин Џино одлучи да имплементира понапредно решение:
Инсталирање на автоматски компактен омекнувач во шанкот, поврзан не само со кафематот, туку и со машината за перење чаши и тањири.
Новиот систем автоматски се регенерира, без потреба од рачна интервенција, и постојано обезбедува омекната вода со стабилен квалитет.
Резултати: Подобрена ефикасност и долготрајна заштита на опремата
✅ Заштеда на време – персоналот повеќе не се занимава со регенерации, што значи повеќе фокус на гости и услуга.
✅ Совршено кафе секојпат – кафематот работи со стабилен притисок и чисти линии без талог.
✅ Сјајни чаши и тањири – машината за перење работи без каменец, без флеки и без дополнителни хемикалии.
✅ Долгорочна заштита на опремата – намалено оштетување и потреба за сервисирање.
Мала промена, голема разлика
Овој случај е одличен пример како една навидум мала техничка надградба може да донесе големи оперативни придобивки. Автоматскиот омекнувач не само што ја олеснува работата на персоналот, туку и ја продолжува животната вредност на клучната опрема – со што директно влијае на квалитетот на услугата што ја добиваат гостите.
И вие водите угостителски објект?
Дознајте како оптималниот систем за омекнување може да го подобри работењето во вашата кујна и бар. Контактирајте го тимот на B-P Филтри за бесплатна консултација и предлог-решение прилагодено на вашиот простор.
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...