Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Референци

Решение за механичка филтрација на вода во Van Hool

Компанијата Van Hool, еден од најреномираните производители на автобуси и индустриски возила со производствен капацитет во Македонија, се соочи со проблеми поврзани со повремено заматување на водата, кои доведуваа до чести дефекти на апарати, чешми и електрични сензори на санитарни уреди.

🔧 По детална анализа, Бентен-Пан препорача и имплементираше Механички филтри со голем капацитет, инсталирани на критични потрошувачки точки, со цел ефикасна заштита на опремата и стабилизирање на квалитетот на водата.

💧 Филтрацијата до 5 микрони овозможува отстранување на ситни честички, песок и талог, што значително го подобри континуитетот и функционалноста на водоводната инфраструктура во објектот.

➡️ Резултатите се видливи:

Намалени дефекти на апарати и вентили
Подолг век на траење на електронските сензори
Почиста и поодржлива водоснабдителна мрежа

Van Hool уште еднаш потврди дека вложувањето во превентивна филтрација е вложување во ефикасност, заштеда и долгорочна сигурност.

🦷 Забна Ординација – Д-р Каракамчев, Скопје

Решение: Инсталиран е Реверзно Осмозен систем со двојна намена: еден извод со дополнителна филтрација за забни машини, друг со минерализатор за вода за пиење.

Бенефит: Заштитена турбинска опрема, продолжен век на забниот стол и зголемено задоволство кај вработените и пациентите.

👉 Прочитај повеќе во блогот: „Како забната ординација Каракамчев обезбеди безбедна вода за опремата и за своите пациенти“

FX3X - Инсталирање на Диспензери со Вградени Филтри

Менаџментот на една од светски најпознатите Македонски софтверски компании, на своите вработени за водата за пиење им понуди опција на снабдување со Диспензери со галони и Диспензери со вградени филтри. Најнапред проектот почна со вградување на 1 диспензер со вградени филтри, да после 1 година се прошири на 6 Диспензери со вградени филтри. Со овој чекор задоволни се и вработените, бидејки имаат свежа вода во секое време и менаџментот бидејки на крајот на годината трошоците за снабдување вода направија заштеда од околу 5.000,00 ЕУР. Во наредните години заштедата ќе биде околу 7000,00-9.000,00, бидејќи трошок ќе биде само промената на филтрите во диспензерот.

Torax – кога чистата вода станува предуслов за совршенство во стакло

Компанијата Torax, позната по своето врвно мајсторство во изработка и монтажа на стаклени фасади, панели и големи прозорски конструкции, одамна знае дека совршената површина започнува од деталите што не се гледаат - како што е водата што се користи во процесот.

Уште од 2010 година, Бентен-Пан е технолошки партнер на Torax за третман и подготовка на вода во нивниот производствен процес.
Од механичка филтрација и омекнување, преку Реверзна Осмоза за автоматско перење на стакла, до специјализирана RO линија за Waterjet машина со прецизно сечење, секоја фаза на технолошки напредок е проследена со соодветна поддршка.

📌 Денес, системите кои ги одржуваме и надградуваме, се клучен дел од производниот квалитет и конзистентноста што клиентите на Torax го препознаваат.

 

📖 Дознајте ја целата приказна – од првото перење до high-tech водните решенија – во блог објавата:
👉 Како чистата вода го подига квалитетот на фасадното стакло – примерот на Torax

QSI International School of Skopje

Инсталација и сервис на Реверзно Осмозен Систем за прочистување на водата за пиење.

Новости