Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Референци

Соработка со Synlab Македонија - медицинска прецизност бара висок квалитет на водата

Synlab Македонија, водечка мрежа на медицински лаборатории со локации во Скопје, Битола и Тетово, има воспоставено доверлива и долгорочна соработка со Бентен-Пан за обезбедување на сигурен и квалитетен извор на деминерализирана (DeMi) вода, клучна за прецизните лабораториски анализи.

🔷 Централен систем во Скопје
Во главниот центар на Synlab во Скопје е инсталиран централен систем за деминерализирана вода, кој обезбедува вода со висока чистота за повеќе сектори. Од истиот централен систем се снабдуваат уште две поврзани лабораториски испостави.

🔷 Регионални лаборатории во Битола и Тетово
За лабораториите во Битола и Тетово се поставени засебни, помали системи за DeMi вода, прецизно прилагодени на локалните капацитети и барања.

🔧 Одржување и поддршка од Бентен-Пан
Тимот на Бентен-Пан врши редовна промена на филтри, технички прегледи и превентивно одржување на сите системи, со што се обезбедува непрекинат и сигурен пристап до чиста и безбедна вода за лабораториска употреба.

➡️ Третманот на вода е критичен дел од квалитетот на лабораториските резултати. Затоа, Synlab избра партнер со искуство, доверба и континуирана техничка поддршка – Бентен-Пан.

🚗 Авто перална Godi - Вода без Дамки

Решение: Систем / Линија за третман со Интегрирана Реверзна Осмоза во завршната фаза на плакнење, со што се обезбедува вода без суви материи и минерали.

Бенефит: Испраните возила излегуваат без дамки, со природен сјај, што резултираше со зголемена посетеност и задоволни клиенти.

👉 Прочитај повеќе во блогот: „Како авто пералната Godi ја зголеми посетеноста со Реверзна Осмоза и завршно плакнење без дамки

🧊 Lactalis MK – Прочистителна станица за вода за пиење

Решение: Дизајн и инсталација на систем за прочистување на вода до ниво на вода за пиење, со автоматски самоперливи филтри, активен јаглен, УВ стерилизација и автоматско хлорирање со мониторинг.

Бенефит: Компанијата доби сигурен и економичен извор на вода, го намали притисокот врз јавниот водоводен систем и ја зголеми еколошката и општествената одговорност.

👉 Прочитај повеќе во блогот: „Како Lactalis MK обезбеди сопствена питка вода и ја намали потрошувачката од градскиот водовод“

Комплекс Македонско Село - Нерези

За потребите на комплексот Македонско село во Нерези, се воочи потреба од дополнителна заштита на водата која е за примена во кујните и собите. Тимот на Тинекс МТ, во комуникација со Бентен-Пан, увидоа дека со инсталирање на опрема за филтрација и стерилизација на водата, ќе се подобри квалитетот на водата во комплексот. За таа цел Бентен-Пан, беше повикан итно непосредно пред отварањето на комплексот да изврши испорака и инсталирање на опремата, со што истата се испорача и постави во бараниот рок. Филтри за отстранување механички честички и УВ стерилизатори, со капацитет 5м3/час., распоредени на 4 крака од селото.

🧪 Медицински лаборатории – Авицена Лаб - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода

Проблем: Лабораториските процеси бараат стабилен и висококвалитетен извор на ултрачиста деионизирана (ДеМи) вода, со цел да се избегнат неточности во резултатите од анализите.

Решение: Во соработка со сервисниот тим на Авицена, Бентен-Пан испорача и надгради комплетна линија за производство на ултрачиста вода. Системот вклучува финален стадиум на прочистување и е поврзан со онлајн-инструмент за следење на квалитетот, кој навремено алармира за евентуално влошување на водата.

Бенефит: Гарантирана стабилност на резултатите, сигурност во лабораториските анализи и континуирана грижа за опремата преку редовно одржување и навремена замена на потрошни материјали – обезбедувајќи постојан квалитет на вода, на задоволство на двете страни.

Новости