Водата дома може да има различни проблеми: тврдина и бигор, железо и мирис, бактерии (посебно кај бунари) или вкус кој не ви одговара. Решението се бира според анализата на водата и според тоа за што ја користите.
Водата е тврда кога содржи многу калциум и магнезиум. Тврдата вода не е здравствен ризик, но остава наслаги во цевките, бојлерот и машините, ја намалува ефектот на сапунот и детергентите и остава дамки на плочки и стакла.
Најсигурното решение е јонски омекнувач. Тој го заменува калциумот и магнезиумот со натриум и ја штити целата инсталација: чешми, када, кујна, бојлер, машина за перење и за садови, апарат за кафе. Магнетите и сличните уреди не ги отстрануваат калциумот и магнезиумот, а ефектот им е ограничен на местото каде се поставени.
Зошто да ја третирате водата:
Реверзната осмоза под садопер дава вода за пиење и готвење со намалена содржина на соли и загадувачи. Омекнатата вода содржи повеќе натриум, па за пиење препорачуваме посебен RO систем.
За вода од бунар се користат деферизатори (железо, манган), филтри со активен јаглен, филтри за матност и UV стерилизатори за дезинфекција. Меѓутоа пред да се инсталира некој од овие филтри, прво се прави анализа на водата.
Погледнете ја нашата понуда: Филтри и системи за домаќинства.
Зачлени се на нашиот билтен и редовно добивај информации за нови производи, промоции, попусти.
2014 © Бентен Пан. Сите права се задржани. Политика на приватност
