Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Енергетика, Парни Котли, Разладни системи

Во индустриските и енергетските постројки квалитетот на водата директно влијае врз ефикасноста, сигурноста и животниот век на опремата. Несоодветно третираната вода предизвикува бигор, корозија, енергетски загуби и непланирани застои. За парните котли најважни се тврдината, растворениот кислород, силиката, спроводливоста и pH на водата.

Нашите решенија

  • Омекнување на вода: отстранување на калциум и магнезиум за спречување бигор и подобра енергетска ефикасност.
  • Реверзна осмоза (RO): отстранување на растворени соли, силика, органски материи и тешки метали.
  • Деминерализација: вода со висока чистота за парни котли, турбини и чувствителни процеси.
  • Хемиски третман на вода за напојување: прецизно дозирање за контрола на pH, корозија, бигор и талог во парни и топловодни системи, како и хемиски третман за разладни системи.
  • Предтретман: песочни филтри, деферизатори, активен јаглен и автоматски филтрациски системи за стабилен квалитет на влезната вода.

Прочитајте повеќе во блог статијата за третман на вода за парни котли.

Контактирајте нè за средба и проценка на вашиот третман на вода.

Новости