Компактните омекнувачи на вода го отстрануваат бигорот (калциум и магнезиум) од водата во целиот дом и ги штитат бојлерите, машините за перење алишта и садови, славините и целата инсталација. Сите модели во оваа подгрупа се автоматски, со вграден сад за сол, а ги склопува, програмира и сервисира Бентен-Пан во Скопје.
Вистинскиот модел зависи од тврдината на вашата вода, бројот на членови во домот и просторот за монтажа. Затоа пред понуда секогаш ја мериме тврдината на водата.
Стандардно ги склопуваме омекнувачите со контролни вентили Runxin. Вентилот RX-65C/DVS нема вграден бајпас: додека трае регенерацијата, омекнувачот не пропушта вода, па регенерацијата најчесто се програмира ноќе. Ако ви треба вода без прекин, омекнувачот може да се склопи со вентил RX-79B со вграден бајпас, со доплата.
По барање, омекнувачот може да се склопи и со вентил Pentair Fleck 9100SXT или 9500SXT, или со вентил Clack, кој го набавуваме преку Ecosoft.
Повеќе од 20 години искуство со системи за третман на вода. Бесплатна проверка на тврдината на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и монтажа и програмирање, редовен сервис и таблетирана сол за омекнувачи. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
BP_SOFT VAK_04 е мал автоматски омекнувач на вода, производ на Бентен-Пан, наменет за поединечни апарати кои се најчувствителни на бигор: кафе-апарати, машини за перење садови и машини за мраз. Бигорот ги затнува грејачите, вентилите и дизните и предизвикува чести дефекти. Омекнувачот ја штити опрем...
BP_SOFT VAK_10 MINI е автоматски омекнувач на вода во компактна изведба, производ на Бентен-Пан. Го отстранува бигорот (калциум и магнезиум) и ги штити бојлерите, машините за перење, славините и целата инсталација. Наменет е за домаќинства, мали објекти и како предтретман пред други системи за третм...
BP_SOFT VAK_25 MAXI Elba е автоматски омекнувач на вода во компактна изведба, производ на Бентен-Пан. Го отстранува бигорот (калциум и магнезиум) и ги штити бојлерите, машините за перење, славините и целата инсталација. Наменет е за куќи и поголеми домаќинства со поголема дневна потрошувачка, каде п...
BP_SOFT VAK Slim е серија тесни автоматски омекнувачи на вода, производ на Бентен-Пан, за места каде просторот е ограничен: ниша, кујнски елемент или мала котларница. Со ширина од само 22,5 cm го отстрануваат бигорот (калциум и магнезиум) и ги штитат бојлерите, машините за перење, славините и целата...
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...