BP_SOFT VAK_04 е мал автоматски омекнувач на вода, производ на Бентен-Пан, наменет за поединечни апарати кои се најчувствителни на бигор: кафе-апарати, машини за перење садови и машини за мраз. Бигорот ги затнува грејачите, вентилите и дизните и предизвикува чести дефекти. Омекнувачот ја штити опремата таму каде не е потребно омекнување на водата за целиот објект.
Водата минува низ боца со јако кисела јонска маса, каде калциумот и магнезиумот, кои создаваат бигор, се заменуваат со натриум. Кога масата ќе се засити, контролниот вентил автоматски ја покренува регенерацијата со солен раствор од вградениот сад. Капацитетот е 9 m³ × °dH. На пример, при тврдина од 20 °dH омекнувачот дава околу 450 литри омекната вода меѓу две регенерации.
VAK_04 е наменет за еден или неколку апарати со мала потрошувачка (проток до 200 л/час). За омекнување на водата за цела куќа или стан препорачуваме BP_SOFT VAK_10 MINI или посилен модел.
Вентилот RX-65C/DVS нема вграден бајпас: додека трае регенерацијата, омекнувачот не пропушта вода кон апаратот, па регенерацијата најчесто се програмира ноќе или надвор од работното време.
Цената е без ДДВ и важи за изведбата со вентил RX-65C/DVS.
Бесплатна проверка на тврдината на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и монтажа и програмирање, редовен сервис и таблетирана сол за омекнувачи. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
Таблетираната сол, директно влијае на работата на јонскиот омекнувач. изборот на квалитетна таблетирана сол треба да е од големо значење за корисниците на јонски омекнувачи. Неквалитетната сол може да ја намали ефикасноста на јонскиот омекнувач и да доведе до скратување на неговиот век на траење. ...
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...