Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

UV ламба 1 GPM – заменска ламба за UV стерилизатор

  • Шифра: 20428
  • Бренд: EuroClear
  • Цена: 1.550,00 денари

Заменската UV ламба е наменета за UV стерилизаторите за вода со проток од 1 GPM (околу 3,8 л/мин). Ламбата постепено ја губи јачината на UV зрачењето, па по една година повеќе не обезбедува сигурна дезинфекција, иако сè уште свети.

Зошто навремена замена

  • Враќа полна јачина на UV зрачењето
  • Сигурна дезинфекција од бактерии и вируси
  • Едноставна замена, без промена на целиот уред
  • Без хемикалии и без промена на вкусот на водата

Како работи

UV зрачењето го оштетува генетскиот материјал на бактериите и вирусите, па тие не можат да се размножуваат. Водата минува покрај ламбата низ кварцната цевка.

Идеален за

  • UV стерилизатори со проток од 1 GPM
  • Бунарска и изворска вода
  • Викендици и објекти со сопствено водоснабдување

Важно пред набавка

Препорачаната замена е на 12 месеци. При замената исчистете ја и кварцната цевка. Не сте сигурни дали ламбата одговара на вашиот уред? Донесете ја старата ламба или фотографија од стерилизаторот во нашите центри.

Бентен-Пан ви нуди

Бесплатна проверка на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Кај нас ги наоѓате и кварцните цевки и сервисот на UV стерилизаторите. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.

  • Тип: заменска UV ламба
  • Проток на стерилизаторот: 1 GPM, околу 3,8 л/мин
  • Замена: на 12 месеци

Новости