Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Хемикалии за третман на вода во индустријата

Хемикалии за третман на вода во индустриски системи: парни котли, разладни системи и системи за реверзна осмоза. Асортиманот опфаќа инхибитори на каменец и корозија за котли, врзувачи на кислород, алкализатори, инхибитори за затворени разладни системи, антискаланти и средства за декхлорирање и конзервација на РО мембрани. Производите се од In-Eco (Inžinerinė ekologija, Литванија) и се испорачуваат во канистри од 20 L.

Сите производи се наменети исклучиво за професионална и индустриска употреба. Изборот на производ и дозирањето се определуваат според анализа на водата и видот на системот. Техничките и безбедносните листови (TDS и SDS) се достапни на барање.

Цена и понуда на барање: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.

IN-ECO 551 – антискалант за мембрани на реверзна осмоза и нанофилтрација, канистер 20 L

IN-ECO 551 е течен антискалант за системи за реверзна осмоза (РО) и нанофилтрација (NF). Го спречува таложењето на каменец и железни оксиди на површината на мембраните, со што системот работи со стабилен притисок и проток, а мембраните подолго траат. Наменет е за индустриски РО системи со проток на ...

Новости