Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Решение за одстранување на железо и манган

Железото и манганот се често присутни во подземните води. Во вообичаени концентрации не се здравствен ризик, но предизвикуваат проблеми во употребата на водата и во инсталацијата.

Дозволени вредности

Според прописите за вода за пиење, содржината на железо не смее да надмине 0,3 mg/L, а на манган 0,05 mg/L. Над 0,3 mg/L железото веќе се забележува: водата добива црвеникаво-кафеава боја и метален вкус.

Какви проблеми предизвикуваат

  • Дамки на чешми, санитарии, порцелан и алишта, кои тешко се отстрануваат.
  • Наслаги во цевки, хидрофори, резервоари и бојлери. Со загревање проблемот се зголемува, а бојлерот губи енергија и подолго ја загрева водата.
  • „Црвена вода“ при првото отворање на чешмата.
  • Намален користен волумен на резервоарот и почести вклучувања на пумпата, што го скратува нејзиниот век.
  • Реакција на танините од чајот и кафето со железото, што ги потемнува и ја менува нивната арома.
  • Железни бактерии: нивните лигави наслаги можат да ги затнат цевките и даваат непријатна миризба.

Манганот е есенцијален елемент во мали количини, но долготрајна изложеност на високи концентрации може да влијае на нервниот систем. Затоа вредноста треба да се одржува под дозволената.

Како се решава

Растворените железо и манган се претвораат во нерастворлива форма (оксидација, на пример со аерација или со оксидатор), па се задржуваат во филтер. Затоа најчесто се користат деферизатори и деманганизатори, автоматски или мануелни, со регенерација или промивање. Димензионирањето зависи од анализата на водата (железо, манган, pH, органски материи, присуство на железни бактерии) и од дневната потрошувачка. Ако има железни бактерии, потребна е и дезинфекција.

Нашите системи се прикажани подолу. За точна препорака испратете ни анализа на вашата вода.

ДЕФЕРИЗАТОРИ - АВТОМАТСКИ И МАНУЕЛНИ СИСТЕМИ

Отстранувањето на железото, манганот и H2S од водата претставува важна задача во прочистувањето на водата, бидејќи тие може да градат нетопливи хидроксиди кои може да ги загрозат виталните делови насистемот за прочистување. Обично горната граница на содржина на железово водата за пиење е 0.3 mg/l, a...

Новости