Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Медицина

Здравствените установи и лабораториите имаат високи барања за квалитетот на водата. Загадувањето и контаминацијата можат да влијаат врз безбедноста на пациентите, точноста на анализите и работата на опремата, па водата се третира според намената.

Каде водата прави разлика

  • Лаборатории: вода со намалена содржина на соли (реверзна осмоза, деминерализација) за анализатори и реагенси.
  • Стерилизација и парни уреди: омекната вода против бигор во парогенераторите и автоклавите.
  • Топла вода и санитарии: омекнување и по потреба дезинфекција.
  • Вода за пиење: филтрација и дезинфекција (на пример UV).

Што нудиме

  • Реверзно осмозни системи и деминерализација за лабораторска и процесна вода.
  • Јонски омекнувачи за заштита на греачи и парни уреди.
  • Филтрација и UV дезинфекција.
  • Дозирање и мерна опрема.

Решението се избира според намената на водата и бараниот квалитет. Контактирајте нè со податоци за установата и за потребната вода.

Контакт за совет и понуда.

Новости