Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Автоперални

Квалитетот на водата директно го одредува резултатот од миењето и трошоците за одржување на пералната. Тврдата вода остава бел талог и дамки при сушењето, ја намалува ефикасноста на сапуните и детергентите и создава бигор во пумпите, греачите и дизните на опремата.

Каде водата прави разлика

  • Миење и пена: омекнатата вода ги подобрува пената и дејството на детергентите.
  • Завршно плакнење: вода без растворени соли (реверзна осмоза) се суши без дамки и бели траги, без рачно бришење.
  • Опрема: заштита на високопритисочните пумпи, греачите за топла вода, дизните и вентилите од бигор.

Што нудиме

  • Јонски омекнувачи на довод (CWG_SOFT VAS и VAD), димензионирани според потрошувачката.
  • Реверзно осмозни системи за завршно плакнење. Понудата вклучува системи од 250 л/час (Ecosoft MO6500) до 1.500 л/час (Ecosoft MO36000), а по потреба и поголеми.
  • Резервоар и пумпа за покачување на притисокот, за да се покрие врвната потрошувачка за време на плакнење, која е повисока од протокот на RO системот.
  • Предфилтрација за отстранување на механички нечистотии и хлор, кој ја оштетува RO мембраната.
  • Дозирање на антискалант (на пример IN-ECO 551) за заштита на мембраните.

Примена

Автоуслужни перални, автоматски и тунелски перални, како и перални за камиони и автобуси.

Од што зависи изборот

Бројот на места или линии, потрошувачката на вода по миење, тврдината и вкупните растворени соли на влезната вода, и расположливиот простор. Затоа ни е потребна анализа на водата и податоци за пералната.

Референца

Авто пералната Godi го интегрираше RO системот како последен чекор на плакнење и обезбеди завршно плакнење без дамки. Прочитајте ја целата референца.

Сопственик сте на перална? Контактирајте нè за проценка и понуда.

Новости