
Системи за третман на вода за индустрија и енергетика
Во индустриските и енергетските постројки, квалитетот на водата има директно влијание врз ефикасноста, сигурноста и животниот век на опремата. Несоодветно третираната вода може да предизвика бигор, корозија, енергетски загуби и непланирани застои. Затоа современата индустрија користи напредни системи за третман на вода кои обезбедуваат стабилна и безбедна работа на парните котли, турбините и производните процеси.
Нашите решенија за индустриски третман на вода вклучуваат:
Системи за омекнување на вода
Отстранување на калциум и магнезиум со цел спречување бигор и подобрување на енергетската ефикасност.
Реверзна осмоза (RO системи)
Високоефикасно прочистување на вода преку отстранување на растворени соли, силика, органски материи и тешки метали.
Деминерализација
Производство на високопрочистена чиста вода за парни котли, турбини и чувствителни индустриски процеси.
Хемиски третман на Feed Water
Прецизно дозирање на хемикалии за контрола на pH, спречување корозија, бигор и талог во системите за пареа или топловодните системи, како и хемиски третман за разладни системи.
Системи и филтри за предтретман
Песочни филтри, деферизатори, активен јаглен и други автоматски филтрациски решенија за стабилен квалитет на влезната вода.
Сакаш да прочиташ повеќе за третман за вода за Парни Котли? кликни на линкот и прочитај ја блог статијата.
контактирајте не за средба за подобрување на Вашиот третман на водата.
Зачлени се на нашиот билтен и редовно добивај информации за нови производи, промоции, попусти.
2014 © Бентен Пан. Сите права се задржани. Политика на приватност
