ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕЗБЕДЕН И БЕЗГРИЖЕН ЖИВОТ

Продавници, трафики, бутици - трговија на мало

Кај трговијата на мало, организирана во помали продавници, трафики, бутици и слично, чест случај се кражбите на ситните крадци, чиј плен се поскапи производи, вон видик на продавачот, како парфеми, чоколади и сл.

Истотака неретко се јавува недоразбирање помеѓу касиерот/ката и клиентот за вратениот кусур или вредноста на банкнотата која клиентот ја дал при плаќањето.

Грабежите во работното време истотака се евидентирани случаи во нашето секојдневие.

Овие неколку горенавеени ситуации јавуваат потреба од поставување на СИСТЕМ ЗА ВИДЕО НАДЗОР, кој со помош на камери будно ќе ја прати секоја активност во објектот и на снимачот истата ќе ја снима. Доколку се јави потреба, снимката ќе биде прегледана и недоразбирањето решено, а со самата заштита, голем дел од крадците (попаметните), ќе бидат одвратени. Оние кои и покрај овој систем ќе се дрзнат на направат кражба, лесно можат да бидат разоткриени.

 

За заштита на објектот, во периодот кога во него нема човечка присутност, потребна е инсталација на АЛАРМЕН СИСТЕМ ЗА ЗАШТИТА ОД КРАЖБА. Овој систем преку уникатна шифра е деактивиран, во работното време од страна на сопственикот или вработените кои се овластени за тоа, а активиран вон работното време. Истиот преку повеќе сензори го прати објектот и доколку се појави движење во него веднаш ги активира сирените на објектот и јавува на однапред дефинирани броеви, по избор (кај сопственикот, шефот, агенција за физичко обезбедување).

 

Сепак за да системите работат соодветно, истите треба соодветно и да се предвидат и инсталираат. Бентен-Пан, со своето искуство и овластувања е во состојба да одговори на овие барања на клиентите.

Бидете слободни да не контактирате за нови системи, како и за надградба и одржување на постоечките.